ПОКАНА ЗА ОТВОРАЊЕ НА МЛАДИНСКИ ИНИЦИЈАТИВЕН ЦЕНТАР

Почитуван/а/и,
Националниот младински совет на Република Македонија заеднички во соработка со Младинска иницијатива за регионален развој – МИРР од Кривогаштани, спроведе иницијатива за отворање на младински иницијативен центар во Кривогаштани.
Главната цел на оваа активност е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на носење одлуки.
Ни претставува посебно задоволство и чест да Ве поканиме да присуствувате на Отворањето на канцеларијата Младински иницијативен центар, со локација наспроти ООУ Манчу Матак Кривогаштани, сабота 29/11/2014 година со почеток од 19 часот.
Најљубезно Ве молиме, вашето присуство да го потврдите најдоцна до 28.11.1014 кај Катерина Дивјакоска (078/537-405), или Виктор Ќушкоски (078/309-332).
Во прилог е поканата.
001 Continue reading

Advertisements

ДОНИРАЈ

Како невладина, непрофитна организација ние работиме волонтерски, без финансиски придонеси и зависиме од Донации. Затоа, ако сакате да го поддржите она што го работиме, ДОНИРАЈТЕ за да може да правиме уште многу повеќе за сите граѓани.

Здружение МИРР, Кривогаштани
Жиро-сметка: 200 002 615 005 532
Депонент: Стопанска Банка АД Скопје
Ви благодариме!

Банкарски трансфер

Готовинска уплата
Банкарски трансфер е метод на плаќање наменет за оние кои преферираат конвенционален начин на менаџирање и располагање со нивните финансии. Доколку сакате да направите готовинска уплата во банка, тогаш треба да го користите образецот ПП10. Оваа опција е идеална за сите оние кои преферираат уплати во готово. Уплатата можете да ја извршите во банка по ваш избор.

Безготовинска уплата
Поседувате трансакциска сметка во некоја банка? Во тој случај можете да направите пренос на парични средства од вашата сметка на сметката на Здружение МИРР. За таа намена треба да го користите образецот ПП30. Оваа опција ви нуди флексибилност уплатата да ја извршите во банка или на интернет доколку користите електронско банкарство.

За што ќе биде искористена твојата донација?
Донација е доброволна и безусловна помош во пари, добра и услуги која не создава директна корист за давателот, ниту обврска за враќање од примателот на донацијата. Примената донација ќе биде искористена за поддршка на активностите на Здружението Младинска иницијатива за регионален развој – МИРР од Кривогаштани кои се насочени кон економски развој, граѓанското општество и човековите права и заштита на маргинализирани лица и нивно социјално вклучување. Имате прашања? Контактирајте не на zdruzeniemirr@gmail.com или +389 (0) 77 701 779

Хумаманитерен турнир во одбојка

Вчера 12 Јануари 2013 година во училишната сала во склоп на ООУ Манчу Матак Кривогаштани се одржа хуманитарен турнир во Одбојка каде зедоа учество екипи од сите населени места од општина Кривогаштани. Победник на овој турнир беше екипата од населено место Крушеани каде доби симболичен поклон Пехар. Голема Благодарност до спонзорите кои го поддржаа овој настан а тоа се: Маркети Гонито од Кривогаштани, Алек – Маја од Кривогаштани, Мареми Пром од Кривогаштани и Петрески компани од Крушеани.966141_10202171147373234_1571855521_o 1008226_10202171146333208_1469529876_o 1077556_10202171148053251_922208943_o 1483452_10202171146133203_1701271298_o 1498013_10202171145453186_1281154446_o 1523564_10202171145213180_1379244997_o 1553401_10202171147133228_409120163_o 1555730_639699939427504_1879359124_n 1600279_639699912760840_1904006722_n 1600281_639699966094168_1854958298_n IMAG0744 IMAG0745 IMAG0747

Поделени пакети на социјално загрозени семејства во с.Врбјани

Денеска Здружението Младинска иницијатива за регионален развој донираше два пакети со зимница на социјално загрозени фамилии во населено место Врбјани. Воедно им се заблагодаруваме на сите добро намерни граѓани од општина Кривогаштани кои ги донираа овие производи во акцијата Презентација и промоција на зимница која беше одржана на 13.11.2013 година.

Одржана презентација и промоција на зимница

Успешно завршена акција за Презентација и промоција на зимници која се одржа денеска 13.11.2013 година.Здружението Младинска иницијатива за регионален развој упатува голема Благодарност до сите кои донираа и ги презентираа нивните производи, со тоа воедно и помогнаа на ранливите социјални семејства од Општина Кривогаштани.

 

 

Презентација и промоција на зимница

Image

Зружение младинска иницијатива за регионален развој во среда на 13 Ноември од 9 часот пред зелениот пазар во Кривогаштани организира настан за промоција и презентација на зимница.Овој настан предвидува промоција и презентација на македонски производи – ајвар, лутеница, пинџур, мешани салати.

Сите промовирани производи ќе бидат доделени во хуманитарни цели на социјални семејства во Општина Кривогаштани.

Обука Проектен менаџмент

Денеска 3 Ноември во Клубот на пензионери во Кривогаштани се одржа обука на тема Проектен циклус каде здружението Младинска иницијатива за регионален развој учествуваше.

Презентација на тема “Млади во акција”

Здружението на граѓани „Академик“ од Крушево, во соработка со Здружението „Младинска иницијатива за регионален развој“ од Кривогаштани на 20.10.2013 год. ја промовираше програмата „Млади во акција“ во Општина Кривогаштани!

Млади во акција

mladi vo akcija

Здружението Младинска иницијатива за регионален развој во соработка со Здружението Академик од Крушево на ден 20 Октомври ( Недела) со почеток од 16 часот ќе одржи презентација на тема “Млади во акција”. Се покануваат сите средношколци и студенти да земат учество во оваа презентација. Презентација ќе биде во Клубот на пензионери во Кривогаштани.